Аутославија

Последниот мерцедес од придружбата на Тито (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Низ огласите во регионот, секој црн автомобил од американско производство или пак мерцедес порано или подоцна го добива епитетот на автомобил кој го придружувал Јосип Броз Тито. Во реалноста, повеќето од тие автомобили никогаш не служеле војска во Специјалната автомобилска чета на ЈНА, иако веројатно имале врска со големиот државен апарат на некогашната земја. Сепак, тие митски автомобили кои ги опкружуваа Титовите мерцедеси 600 сепак постојат и еден од ретките потврдени и совршени зачувани примероци е овој пред вас.

 

Неговиот сопственик Ненад од Белград е долгогодишен колекционер на мерцедеси и овој автомобил е еден од новододадените во неговата гаража. Неговата историја е добро документирана и Ненад накратко ја раскажува: „Тоа е мерцедес-бенц W123 280Е од 1980 година. Довезен е во Специјалната автомобилска чета од Автокомерц во Љубљана на 21 јануари 1980. Купен е да му биде придружба на Јосип Броз Тито, но тој неколку месеци подоцна умре, па до 1986 година е возен едвај околу 600 километри. Подоцна е користен во некои воени цели и во војската беше до 2003 година кога беше продаден на воена лицитација. Го купи човекот од кого го купив јас со 38.000 километри и до 2010 до кога редовно го регистрирал, минал околу 7.000 км. Од тогаш не е возен, а јас го купив минатата година во ваква состојба. Имаше фабрички раткапни, но јас му ставив бандаши соодветни на тоа годиште“.

Иако под хаубата се наоѓа најсилниот мотор кој фабрички одел во мерцедес W123, интересно за овој примерок е што нема речиси никаква опрема. Освен што нема клима, тој нема ни прозорци на струја, а менувачот е мануелен. Но, бидејќи станува збор за автомобил кој излегол од фабричките погони како возило за специјални намени, овој мерцедес крие многу други нешта: „Ротациите, сирените и радио-станиците се фабрички, во вратите на возачот и совозачот има касети за пиштоли, задниот потпирач за раце е исто така преграда за оружје. Централниот дел од конзолата е поинаков отколку на цивилните модели и тука се командите за ротациите, а има и дополнителни светла за совозачот“. Бројот на шасијата е исто така посебен и се разликува од бројот на шасијата на цивилните W123, што несомнено ја потврдува неговата оригинална намена.

Српскиот автомобилски историчар Мирослав Милутиновиќ во својата книга која се бави со возниот парк на Тито го потврди постоењето на овој автомобил – според податоците до кои дошол, овој мерцедес бил еден од двата W123 280Е кои биле купени за потребите на придружбата, а со тоа и за Тито, бидејќи секое следно купување било за неговите наследници.

Имајќи предвид дека е чувар на вредно парче од автомобилската историја на поранешната држава во речиси совршена состојба, Ненад овој автомобил го чува со специјална грижа. Иако судбината на автомобилот не била да вози со пулманите на Тито, тој сега ужива во заслужената пензија.

 

Аутославија

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе