Порше возачко искуство 2019: брутална сила спакувана во врвен луксуз (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Возењето автомобил за повеќето луѓе е рутина и преместување од едно место до друго. Секако, со напредокот на технологијата, автомобилите стануваат сѐ подобри, побрзи, поудобни, побезбедни и попаметни, а со тоа и нашето доживување правопропорционално се менува.

 

Сепак, од време на време ние „обичните смртници“ ќе добиеме прилика да седнеме во автомобил на култната германска марка Порше, и да го доживееме автентичното и поприлично уникатно „Порше возачко искуство“.

Без разлика кој модел да го анализираме, дали некој од кросоверите кајен или макан, или пак елегантната лимузина со пет врати панамера, или некој од чистокрвните тркачи како 911 карера или 718 кајман, сите импресионираат со добриот изглед, одличната ергономија, врвниот квалитет на употребените материјали и изобилието на модерна технологија. Сите тие содржини се лесно видливи и затоа моделите на Порше без исклучок го привлекуваат вниманието на минувачите.

Меѓутоа, да му се воодушевувате однадвор и да возите некое од поршињата, најблаго кажано воопшто не е исто. Разликата е баш во тоа „возачко искуство“ кое ги остри сетилата, ја раздвижува крвта и ги фокусира очите на патот. Звукот на моторот е дополнителна адреналинска инјекција, која го надополнува доживувањето. Моторите испорачуваат брутална сила која во секој момент е на располагање, а за стабилноста, управувањето и одличното сопирање, се грижат новата суспензија и огромните дискови со цврсти канџи на сопирачките. Порше возачкото искуство е динамично и забавно, меѓутоа никако по цена на удобноста, особено во моделите панамера, кајен и макан, каде преку адаптивната амортизација, истовремено може да се ужива во брзината, комоцијата и луксузот. Секое искуство може да се опишува и раскажува, меѓутоа вистината е дека само може да се доживее. Или во случајот кај среќните сопственици на автомобил со знакот на Порше, да се живее.

Се надевам дека кажав доволно за да ја разбудам вашата имагинација, а искуството во возењето или радоста во поседувањето Порше автомобил, ви посакувам самите да ги доживеете.

 

Гоце Новачевски

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе