Порше роуд тур 2021: Возачка авантура со сите модели на Порше низ Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во организација на Порше Македонија, повторно се одржа престижната возачка тура низ државата – Порше роуд тур 2021.

 

Составена од сите модели во понудата на Порше, турата оваа година започна во Порше центарот во Скопје и се упати кон Гевгелија, со попатни застанувања за промени на возачи до крајната дестинација која оваа година беше хотел и казино Фламинго. Групата беше составена од двајца сертифицирани инструктори од Порше и организаторите од Порше Македонија.

Турата сочинета од 12 спортски возила беше составена од супер-спортските 911 турбо С, 911 4С, кајман С, бокстер С, макан турбо, целосно електричните тајкан турбо С и тајкан 4С, хибридите панамера 4С е-хибрид, панамера турбо С е-хибрид, и големите спортски кросовери – кајен купе ГТС, кајен купе турбо и кајен ГТС.

Во период од 4 дена, гостите имаа исклучителна можност да ги почувствуваат вистинските перформанси на сите модели од понудата на Порше. Во оваа уникатна прилика, 60-те учесници заедно со претставниците на автомобилските и забавните медиуми беа воодушевени од спортските перформанси, луксузот и комфорот на секојдневната употребливост на возилата од германскиот производител.

Супер ѕвезди на Порше роуд тур 2021 беа новите целосно електрични модели порше тајкан, во варијантите 4С и турбо С, кои ги импресионираа возачите со електричните перформанси, начинот на возење и досег на батеријата.

Оваа година, еден од деновите беше целосно посветен на дамите кои секако ја заслужуваат можноста да ги истакнат своите високи способности во возењето на спортските автомобили на Порше.

Импресиите од четиридневниот настан во беспрекорна организација јасно го прикажува задоволството на возењето кое го нудат возилата на Порше. Импресиите особено беа докажани кај новиот електричен тајкан, кој со попатно дополнување на електрична енергија на станиците за полнење Порше дестинејшн чарџинг, ја демонстрираше секојдневната употребливост и можноста да се поминат многу километри без компромиси.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе