Порше развивал наследник на култниот 959 кој би чинел двојно помалку (ВИДЕО)

Порше 959 е еден од најславните модели на германската марка, но малку се знае дека Порше развивале негов наследник под ознаката 965.

Целта на Порше со 965 била да направи автомобил кој според перформансите ќе се постави меѓу 930 турбо и 959. Бил замислен да има некои од напредните технологии на 959 но да биде многу поевтин, односно подостапен за купувачите на Порше. Моделот требало да почне да се произведува во 1990, под ознаката 969.

Како што се открива во видеото, Порше направиле 16 прототипи од 965 за време на неговиот развој од кои останал само еден. Тој се наоѓа во Порше музејот и има неколку каросериски панели од 959 како и технологија, вклучувајќи го напредниот погон на сите тркала и системот за нивелирање на амортизацијата.

Она што овој прототип го прави уште поинтересен е фактот што нема мал мотор со воздушно ладење како што би се очекувало. Наместо тоа има голем V8 ладен со вода преземен од Ауди. Моторот бил користен за овој прототип за тестирање и крајната цел била Порше да развие сопствен V8 со водено ладење. Што значи дека 965 ќе бил првиот модел заснован на 911 со водено ладен мотор.

За жал, проектот бил укинат во 1988 од страна на тогашниот директор на Порше Улрих Без поради преголемите трошоци.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе