Порше официјално се збогува со дизелот

Порше објави дека повеќе нема да продава возила на дизел погон.

Во трите години по скандалот на Фолксваген со дизел-измамата, побарувачката за дизел модели на Порше драматично падна. Компанијата сега смета дека е време целосно да го отфрли дизелот и да се фокусира на бензининските, електричните и хибридните погони.

Иако Порше нема дизел модел во портфолиото од февруари 2018, но во соопштение шефот на Порше Оливие Блуме изјави дека компанијата ќе продолжи да се грижи за сопствениците на дизел возила.

„Порше не го демонизира дизелот. Тој е, и ќе остане, важна технологија за погон. Сепак, за нас како произведувачи на спортски автомобили, дизелот секогаш имаше секундарна улога, и сфативме дека би сакале да имаме иднина без дизелот. Нормално дека ќе продолжиме да се грижиме за постоечките дизел муштерии со професионализмот што се очекува од нас“, истакна Блуме.

За разлика од други големи автомобилски марки, Порше никогаш немаше силна љубовна врска со дизел моторите. Всушност, првите дизел модели на марката се појавија дури пред една деценија.

Одлуката на Порше да им каже збогум на дизелите доаѓа во време кога одредени германски градови воведуваат забрани за одредени дизел возила. Германската канцеларка Ангела Меркел размислува за нов закон кој ќе бара од произведувачите на автомобили да вршат хардверски надградби на старите дизел возила во обид да се намали загадувањето.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе