Порше Македонија ги инсталираше првите супербрзи полначи за електрични возила во државата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Порше Македонија ја проширува инфраструктурата за полнење на електрични и хибридни возила со два нови турбо полначи со висок капацитет и брзина на полнење.

 

Во Порше Македонија активно функционираат вкупно 6 станици за полнење на електрични и хибридни возила, од кои 2 се новите турбо ДЦ полначи со капацитет од 320 киловати, 3 полначи со моќност од 11киловати и еден полнач со моќност од 7,2 киловати. Ова значи дека во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата.

Главна карактеристика на новите турбо ДЦ полначи е во нивната брзина на полнење. Според спецификацијата, можат да ја наполнат батеријата на најмоќниот модел во понудата на Порше, моделот тајкан, од 20 до 80 отсто за само 19 минути.

“Офанзивата на електрични и хибридни возила на Фолксваген групацијата налага да се направат сериозни инвестиции во развој на инфраструктурата. Во моментов активни се 6 станици за полнење, но до крајот на летото очекуваме да ги инсталираме преостанатите 10 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во компанијата ќе биде 1 мегават. Инвестицијата е вредна повеќе од 500.000 евра” – изјави Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.

Во рамките на понудата на електрични и хибридни возила, компанијата веќе ги нуди моделите порше кајен е-хибрид, панамера е-хибрид, порше тајкан, фолксваген е-ап, фолксваген пасат ГТЕ и фолксваген ИД.3.

Офанзивата со нови модели ќе биде засилена во текот на оваа година во која Порше Македонија планира почеток на продажба на повеќе електрични модели како: светскиот автомобил на годината новиот фолксваген ИД.4, порше тајкан крос туризмо, шкода енјак, ауди е-трон и голем број хибридни возила, базирани на постоечките модели кои се дел од понудата на компанијата.

Порше Македонија го трасира патот кон електричната мобилност, порачува компанијата. Доказ за тоа, не се само инсталираните брзи полначи во рамките на компанијата. Во изминатиот период, како дел од проектот Порше дестинејшн чарџинг беа инсталирани полначи на клучни точки низ целата држава: во главниот град во хотелите Буши, ТЦЦ Гранд плаза и Панорамика, но и низ неколку градови низ државата: хотел Јуник во Охрид, хотел Модерна во Демир Капија и Казино хотел Фламинго во Гевгелија, каде клиентите кои возат хибридно или електрично возило можат да ги полнат своите возила. 

Електричните возила се иднината на мобилноста и затоа мора активно да се работи на градење на инфраструктурата, за што побрзо да се заменат возилата со мотори на внатрешно согорување, кои влијаат штетно на животната средина, порачува Порше Македонија.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе