Конечно

Порше го претстави новиот 911 ГТ3: тркачки автомобил со регистарски таблички (ФОТО+ВИДЕО)

Ова е тоа, еден од најочекуваните спортски автомобили годинава, сосема новиот порше 911 ГТ3.

 

Порше конечно го претстави ГТ3 базиран на серијата 992 по неколку години камуфлирање и тестирање на тркачки патеки и на јавни патишта.

Најпрво главните бројки – новиот порше 911 ГТ3 е придвижуван од 4,0-литарски атмосферски боксер мотор со шест цилиндри кој може да се врти до 9.000 вртежи во минута и дава 502 коњски сили со вртежен момент од 469 њутнметри.

Стандардно, новиот 911 ГТ3 ќе има седумбрзински ПДК автоматски менувач со двојна спојка, но шестбрзинскиот рачен менувач останува како опција. За спринт од 0-100 км/ч му се потребни 3,3 секунди, а максималната брзина е 317 км/ч.

Моторот е речиси идентичен на оној во новиот 911 ГТ3 куп, со „екстремно остар одговор на педалата за гас“. Моторот е напредна верзија на оној во лимитираниот 911 спидстер од 2019 година, со нови клипови и нов систем за подмачкување. ПДК менувачот е развиен и нагоден специјално за 911 ГТ3.

Информацијата која најмногу кажува за новиот порше 911 ГТ3 е што е повеќе од 17 секунди побрз од својот претходник околу патеката Нирбургринг, со време од 6:59.927 минути (во споредба со 7:12.7 на претходникот). Тоа е време под 7 минути за „нормален“ ГТ3, што кажува колку точно е брз новиот модел на патеката.

Порше објави дека и покрај префрлањето на новата 992 платформа, новиот 911 ГТ3 успева да тежи исто колку претходникот. За да го постигнат тоа, Порше морале да користат повеќе лесни материјали во ГТ3 од кога било претходно. Тука се вклучени хаубата, задното крило и фиксниот спојлер под крилото кои се сега од карбонска пластика, додека прозорците се од полесно стакло.

Во внатрешноста се истакнуваат специфичниот мултифункционален волан, со копче за бирање на возачките поставки, за првпат кај ГТ3. Има и нова рачка на ПДК менувачот, дизајнирана да личи на онаа од рачниот менувач.

Цените ќе бидат соопштени подоцна.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе