Европскиот одговор на тесла модел С

Порше го претстави електричниот тајкан со 750 коњски сили (ФОТО+ВИДЕО)

Првиот европски одговор на тесла модел С е конечно тука и се вика порше тајкан, целосно електричен спортски автомобил со четири врати со максимални 750 коњски сили и вџашувачки вртежен момент од 1.050 њутнметри.

 

Првите верзии што ќе можат да се купат се турбо и турбо С, а помалку можните верзии ќе бидат додадени подоцна годинава. Во меѓувреме, првиот „дериват“ кој ќе биде додаден е тајкан крос туризмо, кој е најавен за крајот на следната година.

Тајкан не може да се згреши за што било друго освен за порше благодарение на широкиот и сплескан преден дел, како и поради високо истакнатите предни крила. Има спортска линија на покривот, „мускулест“ среден дел и истакнати задни крила.

Што се однесува до дизајнот, Порше успеа да му даде на тајкан коефициент на отпор на воздухот од само 0,22, што значително придонесува на малата потрошувачка на струја и големот радиус.

Сигурно ве интересира колку е брз тајкан и колку далеку може да ве одвезе пред да треба да ги наполните батериите.

Тајкан турбо има максимални 680 коњски сили, додека максималната моќност на турбо С е 750 КС. Ова значи дека турбо забрзува до 100 км/ч за 3,2 секунди со помош на контролата на забрзувањето, додека турбо С истото го прави за 2,8 секунди. Што се однесува до максималната брзина, двете верзии забрзуваат до 260 км/ч.

Силата се пренесува на асфалтот со помош на иновативен двобрзински менувач вграден во задната оска. Првата брзина е фокусирана на забрзувањето, додека втората брзина има долг сооднос за да обезбеди висока ефикасност и зачувување на струјата.

Литиум-ионските батерии на тајкан од 93,4 киловат часа со својата 800-волтна архитектура теоретски може да се наполнат до 80 отсто од капацитетот за само 22,5 минути, додека 100 километри се достапни за само 5 минути, доколку најдете полнач од 270 киловати.

Што значи ова кога ќе почнете да возите? Според Порше, тајкан турбо може да помине максимални 450 километри, додека тајкан турбо С има опсег од 412 километри.

Не е тешко да се забележи дека тајкан турбо С е посупериорен од обичниот турбо модел. Затоа турбо С чини 170.000 евра, додека турбо е 139.000 евра.

Ентериерот на тајкан е јасно возачки ориентиран, со централен 10,9-инчен дисплеј и опциски дисплеј за совозачот. Функциите на автомобилот може да ги користите или преку команди со допир или користејќи гласовна контрола – автомобилот реагира на командата „Еј порше“ (Hey Porsche).

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе