Порше ги избра своите пет најдобри концепти на сите времиња (ВИДЕО)

Порше продолжува со своите видеа на „најдобри пет“, а во последното ги издвојува најважните пет концепти во историјата на марката.

Германскиот произведувач на спортски автомобили има богата историја на импресивни концепти, а повеќето од нив стигнале и до сериско производство.

На некои од нив им било потребно подолго време да стигнат до фабричките ленти, како на пример на 989 концептот со четири врати, додека други влегле во производство речиси неизменети, како 918 спајдер концептот.

Нормално, колку подлабоко навлезете во историјата на концептите на Порше, толку поимпресивен откритија има, како на пример кајен кабриолет концептот или прекрасниот тип 754 (Typ 754) кој всушност го најавил оригиналниот 911.

Најважниот концепт во историјата на Порше сепак е мишн Е (Mission E), електричен спортски автомобил со четири врати кој се очекува да се појави на патиштата во блиска иднина, сигнализирајќи нова ера на популарната германска марка.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе