Поради големите жештини ограничена брзината на германскиот Аутобан

Темепратурите на воздухот во Германија деновиве беа толку високи што властите ја ограничија максималната брзина на автомобилите и на оние делови од автопатот каде што нема лимит.

Летото во северната хемисфера официјално почна пред една недела, а веќе првите денови донесоа екстремно високи температури во Западна Европа. Освен непријатноста што ја носи возењето по жешкиот асфалт, возачите во Германија ги дочека уште едно непријатно изненадување на Аутобанот.

Властите биле приморани привремено да ја ограничат брзината на движење на возилата на автопатот поради страв дека екстремно високите температури можат да предизвикаат деформирање на коловозот, што би било фатално за оние кои своите автомобили ги возат со исклучително големи брзини. Како резултат на оваа одлука, на одредени делови на автопатот брзината поради жештината е ограничена на само 100 км/ч.

Иако годинава досега не се забележани деформации на коловозот, тоа се случувало во минатото. Властите наведуваат дека доколку се наиде на набор или пукнатина на коловозот при брзина поголема од 160 км/ч, возачот лесно ќе ја загуби контролата над автомобилот и може да предизвика фатална сообраќајна несреќа.

Освен на Аутобанот, деформации се случуваат и на регионалните патишта во Германија, особено на оние постарите, кои се градени во време кога факторот на високите температури немал клучна улога при проектирањето.

Проблемите со екстремните температури сѐ повеќе ги погодуваат земјите кои претходно имаа поумерена клима, а со глобалното загревање и климатските промени овие проблеми ќе бидат сѐ поизразени.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе