Репутација што мора да се зачува

Погледнете како Волво ја тестира безбедноста на новиот ХЦ60 (ВИДЕО)

Кога станува збор за безбедноста, Волво има беспрекорна репутација за чување, причина поради која новиот модел ХЦ60 (Volvo XC60) мора да ја добие највисоката оценка од Јуро енкап (Euro NCAP).

Меѓутоа, пред да стигне во рацете на европските експерти за безбедност, Швеѓаните се уверија дека нивниот најнов кросовер се однесува како што треба, а за да ги докажат тврдењата, објавија неколку видеа од неколку интерни тестирања.

Во првото се гледа како следната генерација на ХЦ60 удира во ѕид со предниот дел при брзина од 55 км/ч, додека втората снимка покажува нецелосно челно удирање во пречка при брзина од 65 км/ч, што исто така не претставува поголем проблем за возилото.

Бидејќи кај кросоверите е поголем ризикот од превртување, Волво покажува како новиот модел се однесува во такви сценарио, при што еден од прототипите го покажува својот „стомак“, додека во последното видео се зборува за безбедносната филозофија на марката.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе