Во фабриката во Минхен

Погледнете како „оживува“ новата серија 3 на БМВ (ВИДЕО)

БМВ објави видео во кое детално се гледа производниот процес на сосема новата „тројка“. Доколку ве фасцинираат механички нешта, особено како се произведуваат автомобилите, видеото е токму за вас.

36-минутното видео почнува рано во производниот процес на седанот, при создавањето на каросеријата експертски извршено од напредни роботи. Откако ќе се состави основната рамка на автомобилот, роботите извршуваат десетици комплицирани заварувања за да го зајакнат структурниот интегритет на автомобилот. Работата на роботите изгледа речиси исто како синхронизирано пливање на Олимписките игри.

Откако каросеријата е завршена, треба да мине низ процесот на боење каде работниците проверуваат дали сите површини се без грешка која би можела да ја уништи бојата.

Откако ќе заврши боењето, следува проверка на секој милиметар од каросеријата за да се осигури дека нема грешки. Потоа новата „тројка“ продолжува кон монтирањето на моторот и менувачот, вклучувајќи ги сопирачките и деловите на амортизацијата.

Конечната фаза од процесот е местењето на ентериерот и сите надворешни украси.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе