Фејслифт

Подновениот суперб на Шкода ќе има минимални измени (ФОТО)

Ова е редизајнот на шкода суперб и да, изгледа речиси идентичен со моделот во заминување.

Првите фотографии се појавија на неколку кинески сајтови, и на нив може да се види надворешниот дизајн на новата итерација на најголемиот модел на Шкода.

За да се забележат малите детали кои го разликуваат новото возило од старото потребно е извежбано око. На предниот дел, светлата го задржуваат својот карактеристичен аглест изглед но изгледаат потенки од оние на актуелниот модел. Решетката изгледа идентична, но долната решетка на браникот добила нова форма и сега ги вклучува и светлата за магла.

На задниот дел новините се поочигледни. Задните светла се повпечатливи и сега се поврзани со хромирана лајсна, а и браникот е нешто поинаков.

Она што е поважно од освежениот изглед на супербот е она што се случува под хаубата. Според претходни извештаи, новиот суперб, како и пасатот на Фолскваген, ќе се нуди и како хибрид со електромотор. Овој модел наводно ќе има комбинација од 1,4-литарски четирицилиндерски мотор со електромотор за вкупна моќност од околу 215 коњски сили, а радиусот само на струја ќе биде околу 50 километри.

Ќе се нудат и цела низа други мотори, вклучувајќи го и новиот 1,5-литарски ТСИ со технологија за деактивација на цилиндрите.

Шкода не откри кога ќе го претстави подновениот суперб, но автомобилскиот саем во Женева во март се чини како логичен избор.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе