Фејслифт

Подновениот ситроен Ц5 еркрос блеска со нова технологија и нови светла (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Семејниот кросовер на Ситроен Ц5 еркрос доживеа подновување на средината на својот век за да остане конкурентен и свеж во борбата против поновите ривали.

 

Со помодерен изглед од претходникот, кросоверот доби ново „лице“ кое е радикално различно во однос на моделот во заминување.

Промените се веднаш забележливи со помалата и помодерна предна решетка на Ц5 еркрос, која е осветлена и од далеку изгледа како ЛЕД лента поврзана со новите фарови. Тука е и подновениот знак на Ситроен и поделените дневни светла.

Има и нов поспортски преден браник со поистакнати отвори за воздух и нова пластична заштита.

Во внатрешноста, возачите ќе се израдуваат на подновениот кокпит кој е инспириран од тој на Ц5 икс. Највпечатливата промена е новиот информативно-забавен систем со 10-инчен екран. Тука се и потенките централни отвори на вентилацијата и новите „напреден комфор“ седишта со опција за греење и масажа.

Подновениот Ц5 еркрос треба да пристигне во салоните ова лето со познатата понуда на бензински, дизел и хибридни мотори. Хибридот ќе го има бензинскиот мотор со 180 коњски сили и електро мотор со батерија од 13,2 киловат часови. Ова дава комбинирана моќност од 225 коњски сили и опсег на струја од 55 километри.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе