Од 180.000 евра па нагоре

Почеток на новата ера на Масерати: МЦ20 со V6 со 630 „коњи“ (ФОТО+ВИДЕО)

По долгата кампања со тизери, Масерати конечно го претстави сосема новиот суперавтомобил МЦ20.

 

Наречен „суперспортски автомобил“ кој е природна еволуција на моделот МЦ12, кој одоздола беше Ферари, МЦ20 ветува дека е почетокот на новата ера на Масерати.

Ова е повеќе од празен рекламен слоган бидејќи МЦ20 има сосема нов 3,0-литарски твинтурбо V6 мотор кој е „100% Масерати“. Со помош на двојниот систем за вбризгување гориво и преткомора за согорување со двојни свеќички инспирирана од Ф1, моторот дава 630 коњски сили.

Моторот е во комбинација со осумбрзински автоматски менувач со двојна спојка кој силата ја пренесува на задните тркала преку диференцијал со ограничено пролизгување. Ова му овозможува на автомобилот спринт од 0-100 км/ч за помалку од 2,9 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 325 км/ч.

Муштериите ќе можат да нарачаат и електричен погон. Компанијата сѐ уште срамежливо ги крие податоците, но електричниот МЦ20 наводно ќе стигнува до 100 км/ч за 2,8 секунди и ќе има максимална брзина од 310 км/ч. Би требало да поминува 320 километри со едно полнење.

Масерати ги потврди и плановите за кабриолет верзија. Нема многу информации за моделот без покрив, но би требало да биде претставен следната година.

Производството би требало да почне подоцна годинава и Масерати во моментов прима нарачки. Цената би требало да почнува од околу 180.000 евра и да се движи нагоре.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе