Вистински крај

По 80 години од фабричките ленти се симнува последната „буба“ (ВИДЕО)

Фолксваген неделава го прекинува производството на последната верзија на култниот модел „буба“ во својата фабрика во мексиканскиот град Пуебла.

Ова го означува крајот за автомобилот кој беше симбол на многу нешта во текот на својата 80-годишна историја, поточно од 1938 година кога првата „буба“ се симна од производната лента.

Автомобилот беше дел од најмрачниот период на Германија и никогаш реализираниот нацистички проект. Беше симбол на повоената економска ренесанса и растот на средната класа, но и пример за глобализацијата, бидејќи се продаваше секаде, станувајќи препознатлив во целиот свет.

Стана и симбол на контракутурата во шеесетите години од минатиот век на Западот.

Но пред сѐ, „бубата“ останува ориентир во историјата на дизајнот.

Оригиналниот дизајн – заоблената форма со седишта за четири или пет луѓе, речиси ветрикалното предно стакло и моторот со воздушно ладење поставен одзади – го осмисли австрискиот инженер Фердинанд Порше, ангажиран да го реализира проектот на Адолф Хитлер и да направи „народен автомобил“ кој ќе го мобилизира Третиот рајх.

Малку е познато дека дизајнот е речиси идентичен на автомобилот татра Т97, произведен во Чехословачка во 1937 година, и со скиците на унгарскиот инженер Бела Баренји објавени во 1934 година.

Масовното производство на „бубата“, која во тоа време го има официјалниот назив „КдФ-ваген“, е откажана поради Втората светска војна, а наместо автомобили во големата нова фабрика источно од Хановер почнало производството на воени возила, користејќи принудни работници од цела Европа кои работеле во мизерни услови.

Сепак, во 1949 година Фолскваген повторно станува произведувач на цивилни автомобили под надзор на британските окупациски сили, а фабриката на Фолксваген е пренесена во сопственост на германската влада и покраината Долна Саксонија, која и денес е делумен сопственик на компанијата.

До 1955 година произведена е милионитата „буба“ во Волфсбург, а најважниот странски пазар за овој модел стануваат САД, каде во 1968 година се продадени 563.522 примероци, односно 40 отсто од годишното производство.

Производството во Волфсбург завршува во 1978 година со пристигнувањето на голфот. Но, „бубата“ не исчезнува, бидејќи нејзиното производство во Мексико трае од 1967 до 2003 година, што е подолго од периодот во кој се произведувала во Германија.

„Новата буба“, модернизирана верзија во ретро стил, направена на платформата на голфот, пристигна на пазарот во 1998 под надзор на директорот на Фолксваген Фердинанд Пјех, внукот на Фердинанд Порше.

Последниот примерок од финалната серија од 5.961 автомобил ќе заврши во музеј по денешната церемонија во Пуебла, со која се одбележува крајот на производството.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе