„Баба ја возела“

По 50 години и 560.000 километри секојдневно возење, Фолксваген реставрираше една верна буба (ФОТО+ВИДЕО)

Американката Кетлин Брукс ја купила својата црвена фолксваген буба во декември 1966 година и од тогаш со неа минала преку половина милион километри.

 

Оригиналната фолксваген буба беше многу популарен модел во САД во 1960-тите, пред сѐ меѓу младите и хипиците.

Кетлин својот автомобил го купила пред повеќе од 50 години и ден денес редовно го користи. За својата црвена буба таа вели дека е како член на семејството, па дури добила и име – Ени.

Кога во компанијата Фолксваген Норт Америка слушнале за приказната на Кетлин и Ени, решиле нејзината верност кон бубата да ја наградат со целосно обновување на автомобилот и враќање на сјајот што го имал во 1966 кога излегол од салонот.

За реставрацијата била задолжена фабриката на Фолксваген во Пуебло, Мексико, која е најголемиот погон на Фолксваген надвор од Германија во кој се произведуваше и оригиналната буба.

Процесот на обновување на автомобилот стар повеќе од 50 години траел 11 месеци, а во него учествувал тим од 60 работници и млади приправници кои биле на обука.

Најголемиот предизвик при реставрацијата биле рѓосаните делови од каросеријата, работата на обновување на системот за амортизација и менувачот, како и електричната инсталација.

Од Фолксваген велат дека на Ени смениле околу 40 отсто од деловите и дека целосно реставрирале 357 оригинални компоненти.

Мустрата за оригиналната нијанса на црвената боја ја зеле од внатрешниот дел на капакот на фиоката за ракавици, кој не бил изложен на директна сончева светлина и останал најдобро зачуван.

Сепак, неколку елементи на обновената буба се разликуваат од оригиналните од 1966 година.

Во Фолксваген решиле да го опремат автомобилот со диск сопирачки кои беа вградувани во подоцнежните верзии на мексиканската буба, а современата копија на оригиналниот аудио-уред има блутут конекција.

Целосно се заменети и сите електрични инсталации во возилото, а обновени се и менувачот и амортизацијата. Моторот на бубата бил внимателно расклопен, исчистен и ремонтиран, а седиштата добиле нови кожени навлаки.

Според шефот на тимот што ја спровел реставрацијата на Ени, целта не била да се доведе автомобилот во музејска состојба, туку сопственичката да продолжи да го вози автомобилот безбедно и со задоволство, и да ужива во него уште многу години.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе