Аргентина

По 30 години најдени модели на Фиат и Алфа со нула километри (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Од Аргентина доаѓа приказна која, претпоставуваме, ќе им се допадне на сите љубители на автомобилизмот.

 

Сѐ почнува пред триесет години и зборува за тоталниот крах по годините на голем успех на една од напознатите аргентински компании за продажба на автомобили, Ганза севел од Авејанеда, пристанишно преградие на Буенос Аирес.

Компанијата главно била врзана со домашната корпорација Севел Аргентина која од 1980 до 1999 произведувала и дистрибуирала лиценцирани фиати, пежоа, шевролети и ситроени, но и увезувала модели на Алфа Ромео, Фиат, Ланча, Шевролет и Ситроен.

Сѐ одело супер сѐ додека еден ден Ганза севел не ги затворила вратите. Се зборувало и дека сопствениците, таткото и синот Ганза, умреле за брзо време едн по друг, а се слушале и верзии дека и двајцата биле жртви на мафијата.

Како и да е, компанијата Ганза севел престанала да работи, а многу нешта од имотот на таткото и синот со децении останале нерешени, па и големите хангари со сосема нови автомобили.

Триесет години подоцна, земјиштето на кое се наоѓале главно испразнетите хангари, по долготрајни судски процеси, му било продадено на нов сопственик, кој наложил сѐ да се урне и „отпадот“ сѐ уште во магацините да се фрли.

Станувало збор за неколку десетици автомобили со нула километри кои никогаш не биле продадени и покриени со прашина, и никогаш всушност и не биле деконзервирани, откако стигнале со брод од Европа и биле сместени во магацин.

Тука на сцената стапила компанијата Каскоте калкос, специјализирана за продажба на половни автомобили.

Се обврзале дека ќе ги отстранат автомобилите. Сѐ уште не се знае што ќе прават со нив, бидејќи, нормално, ситуацијата со документацијата на овие возила по 30 години не е сосема јасна.

„Беше тоа како „временска капсула“ на аргентинскиот автомобилски пазар во деведесеттите“, изјавиле момците од Каскоте кои се фатиле со средувањето на автомобилите, за првиот впечаток кога влегле во просторот со автомобили како фиат типо и темпра, пежо 405 и неколку алфа ромео 33.

Се надеваме дека ќе успеат барем неколку од овие автомобили да ги регистрираат и возат. Би било кул да се поседува 30 години стар јангтајмер со 0 километри...

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе