Пежо 508 ПСЕ држи чекор со БМВ М2 на Нирбургринг (ВИДЕО)

БМВ М2 се смета за еден од најдобрите возачки автомобили во понудата на баварците во моментов, а спортското купе дури успеа да оствари време под 8 минути на славната тркачка патека Нирбургринг кога беше претставено.

Но, како што можеме да видиме на видеото, умешноста на возачот е исто така клучна колку и перформансите на автомобилот, особено кога пежо 508 ПСЕ успева да му остане „на опашката“ речиси цел еден круг.

Треба да се истакне дека и пежото не е тромо, со 360 коњски сили под хаубата, речиси исто колку што има и БМВ М2 – 370 коњски сили. Меѓутоа, М2 тежи околу 270 килограми помалку, па има супериорен сооднос моќ/тежина, иако 508 ПСЕ има погон на сите тркала, додека „бемвето“ е со заден погон.

Сепак, и покрај тоа што го форсира до точката на цвилење на гумите низ секој свиок, возачот на пежото останува неверојатно смирен цело време. Ја задржува самодовербата на раб на лимитот, па дури изгледа дека има уште малку за притискање.

Тој успева да остане зад М2 речиси цел круг, иако на моменти други возила се наоѓаат меѓу нив. Пежото секогаш успева да ги помине и да се врати на потерата по „бемвето“.

Единствениот вистински момент кога М2 има значителна предност е на правите делови. Во сите други ситуации, 508 му е цело време зад грбот, во што можете да се уверите во видеото од импресивното возење.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе