Пежо 508 е добар, но дали е доволно добар? (ВИДЕО)

Во денешно време границата меѓу конфекциските и премиум автомобилите станува сѐ потенка, а еден од оние модели кои придонесуваат на тоа чувство е новиот пежо 508. Спремен е за директна битка со фолксваген артеон, но нема да се повлече ни ауди А5 спортбек.

Зад многу привлечниот надворешен дизајн лежи кокпит кој дава чувство на посебност, со осрите линии, интересните дизајнерски решенија и материјалите. Предниот дел на патничката кабина е солидно замислен и реализиран, со 10-инчен екран и нагодлива дигитална инструмент табла. Оние што ќе седат одзади нема да се бунат за просторот за колената, иако за повисоките нема да има доволно простор за главите.

Големиот отвор на петтата врата на „лифтбек“ каросерискиот стил е плус за оние кои сакаат практичност. Со 487 литри, багажникот е поголем од тие на А5 спортбек и мазда6, но помал од тие на фолксваген артеон и шкода суперб.

Инженерите на Пежо се обиделе да постигнат совршен баланс меѓу комфортот и спортското возење, нагодувајќи ја шасијата соодветно. Поради тоа, возачот се чувствува опуштено во комфорт модусот, но во спорт сѐ одеднаш станува поживо. Колку што може да биде поживо во автомобил со погон на предните тркала и 1,5-литарски дизел мотор со 130 коњски сили, со 8-брзински автоматски менувач.

Ова е моделот што неодамна го возеле во КарсАјрленд, и иако втората генерација на пежо 508 е веќе една година стара, сепак привлекува внимание. Можеби доволно за да ве убеди да ја одберете пред германските или јапонските ривали...

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе