Со потпис на Пининфарина

Пежо 405 Т16 е спортски седан од 90-тите со 220 коњски сили (ФОТО+ВИДЕО)

Новиот 508 ПСЕ (Peugeot Sport Engineered) прикажан пред неколку месеци не е првиот спортски седан на Пежо, бидејќи таа титула ја држи 405 Т16.

 

Заснован врз обичната 405-ка, која беше претставена во 1987 година, 405 Т16 беше претставен во 1993, наследувајќи го 205 турбо 16 кој, во тркачка изведба, го освои светскиот рели шампионат во Групата Б двапати, во 1985 и 1986, и Парис-Дакар во 1987 и 1988.

И 405 има тркачко педигре, со две победи во 1989 и 1990 на релито Парис- Дакар, и две на ридско-брзинскиот Пајкс пик во 1988 и 1989, а во 1988 постави и нов светски рекорд.

Стилизиран од Пининфарина, спортската верзија на 405 беше прилично резервирана, без широки отвори за тркалата и други клучни дизајнерски елементи од 205 Т16. Сепак, имаше 16-инчни тркала наместо сериските 15-инчни, нови прагови, преден и заден браник и поаеродинамичен спојлер од 405 Ми16, како и систем за чистење на фаровите.

Специјалниот хомологациски модел беше произведен во 1.046 примероци со 2,0-литарски мотор кој даваше 196 коњски сили, па сè до 220 КС со „овербуст“ (повисока работа на турбината од вообичаената, која трае од 10 до 20 секунди). Имаше и погон на сите четири тркала, со 53 отсто од силата на предната и 47 отсто на задната оска.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч траеше 7 секунди, а максималната брзина 235 км/ч.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе