Пежо 3008: Протекоа првите фотографии од подновениот модел (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Неколку не баш квалитетни фотографии од подновената верзија на пежо 3008 се појавија онлајн.

 

Постирани на Форум-Пежо, фотографиите сугерираат дека кросоверот ќе има нова решетка која се прелева во фаровите. Предните светла се сосема нови имаат дневни светла кои „истекуваат“ надолу како тие на 508 и 208.

Има и нов преден браник со поголем централен отвор за воздух. Нови се и поистакнатите странични спојлери кои го канализираат воздухот околу возилото.

Измените се помалку видливи на задниот дел, но изгледа дека кросоверот ќе добие подновени задни светла и сјајни издувни цевки.

Внатрешните промени се минимални, но моделот по сѐ изгледа ќе има нов забавно-информативен систем со значително поголем дисплеј. Може да се види и малку изменетиот волан и амбиентално светло.

Засега многу малку се знае за кросоверот, но Аутокар сугерира дека моторите главно ќе останат истите. Во тој случај, треба да се очекува мешавина од познатите бензинци, како 1,2-литарскиот трицилидерски со 130 коњски сили и 1,6-литарскиот четирицилиндерски со 180 коњски сили. Треба да има и плагин хибридна верзија како и две хубридизирани верзии на 1,6-цилиндерскиот мотор со моќност од 180 до 200 коњски сили.

Што се однесува до дизелашите, можно е да има 1,5-литарска четирицилиндерска верзија со 130 коњски сили, како и 2,0-литарски мотор со 180 коњски сили.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе