Откриена неверојатна колекција од над 300 автомобили, нечепната со децении (ВИДЕО)

На канал на Јутјуб е претставена една од најголемите автомобилски колекции во која има околу 300 возила.

Деталите за колекцијата се ограничени, но серијалот на Јутјуб почна претходно месецов со информација дека колекцијата ја почнал некој кој собирал автомобили во доцните 1970-ти. Се додава дека „повеќето не се мрднати, измиени па дури ни видени повеќе од 30 години“.

По објавувањето на првото видео, чија главна ѕвезда е бизарини П538 кој чини околу 1 милион долари, обожавателите побарале да го видат остатокот од колекцијата.

Сега може да ѕирнеме дел од другите возила. Колекцијата е огромна и тешко е да се процени колку поради непрегледните редици автомобили.

Има голем број ретки или значајни американски автомобили, но има и ферарија, поршиња, како и ламборгини ЛМ 002 кој му припаѓал на Николас Кејџ.

Во видеото се истакнува дека ова е само чепнување на површината и дека е еден од трите објекти во кои се чува колекцијата. Што значи, има уште еден куп модели допрва да се откријат.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе