Осмата генерација на голфот пристигна во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фолксваген голф е веројатно најпопуларниот концепт на патнички автомобил во светот, задржувајќи ја истата филозофија и конфигурација речиси пет децении. Пишувањето на новите страници од приказната за бестселерот во Македонија започна денес, со македонската премиера на голф 8 - дигитализиран, целосно поврзан и максимално интуитивен за употреба, порачаа од Порше Македонија.

 

Никогаш порано новиот голф не бил толку прогресивен. Неговата дигитализирана внатрешност овозможува нова димензија на интуитивна употреба на возилото. Системите за помош на возачот функционираат до брзина од 210 км/ч. Голф 8 е првиот фолксваген кој користи информации од сообраќајот преку кар2икс, што значи дека може да предупредува на опасности уште пред да им се приближите. Еволуцијата на голф започна пред 45 години во Волфсбург, каде низ годините се дизајнираше и рафинираше за денес да ви ја претставиме последната, осма генерација на најуспешниот автомобил што ја дефинира и именува компактната класа.

Погонските опции за новиот голф вклучуваат бензински мотори ТСИ, дизел мотори ТДИ, електрично потпомогнати бензински мотори еТСИ благ хибрид и бивалентен бензински мотор предвиден за погон на природен гас ТГИ. Сите без исклучок со турбо полначи. Моќноста за сега се движи од 90 коњски сили до 150 коњски сили. Кај еТСИ благ хибрид моторите освен електричната поддршка за дополнително намалување на емисиите помага и примената на Милеровиот циклус на согорување. Дизел моторите воведуваат технологија за двојно дозирање на едблу со помош на два катализатори и постигнуваат намалување на емисијата на азотни оксиди (NOx) до 80 отсто, со истовремено намалување на потрошувачката и до 17 отсто во споредба со дизел моторите од претходната генерација.

Системите во голф не само што се поврзани едни со други, туку благодарение на вградената единица за поврзување на интернет се поврзани и со надворешниот свет. Преку еСИМ се овозможува пристап на возилото до интернет и употреба на онлајн функции и услуги без дополнителни трошоци во период од 1 или 3 години и со гео-зависна достапност и опфат. Новиот голф е првиот фолксваген што комуницира со околината - со помош на пВЛАН технологија сигналите од сообраќајната инфраструктура и информациите од други возила опремени со цар2икс и оддалечени до 800 метри се прикажуваат на дисплејот пред возачот. Голф ги споделува овие предупредувања и со другите возила со истиот систем. Од гледна точка на безбедноста во сообраќајот, со ваквото меѓусебно поврзување и директна размена на информации меѓу возилата и патната инфраструктура се отвора ново поглавје и речиси неограничени можности за напредок.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе