Осмата генерација на голф ГТИ пристигна со 242 коњски сили (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фолксваген конечно ја претстави новата, осма генерација на голф ГТИ, заедно со електричната ГТЕ верзија и дизелскиот ГТД пред нивната официјална премиера на автомобилскиот саем во Женева.

 

Како што се очекуваше, фолксваген голф ГТИ не е покажна вежба за дизајнерски егзибиции, па на суптилен начин ги покажува своите спортски капацитети.

На предниот дел доминира едноделната долна решетка со опциските магленки во форма на „Х“. Стандардните ЛЕД светла се поврзани со лента која оди преки целото „лице“ – во црвена боја за ГТИ, сина за ГТЕ и сребрена за ГТД.

На задниот дел новиот голф ГТИ има спортски дифузер, спојлер на покривот, ЛЕД задни светла и култните букви ГТИ на средината, под амблемот на Фолксваген. Верзиите се разликуваат и според издувот, па така ГТИ има по една цевка на секој ќош, ГТД има две цевки на левата страна, а ГТЕ воопшто нема издув.

Моќта на новиот голф ГТИ доаѓа од 2,0-литарскиот ТСИ мотор (најновата варијанта ево4) со 242 коњски сили и вртежен момент од 370 њутнметри. Шестбрзинскиот рачен менувач доаѓа како стандард, додека седумбрзинската автоматика останува опција.

Фолксваген не објави бројки за забрзувањето, а не спомна ништо ни за најавената ТЦР верзија, која се очекува да дава 292 коњски сили од истиот мотор.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе