Најскапиот Бонд автомобил

Оригиналниот астон мартин ДБ5 на Џејмс Бонд се продаде за повеќе од 6 милиони долари (ФОТО+ВИДЕО)

Еден од четирите астон мартин ДБ5 направени за снимањето на филмот со Џејмс Бонд „Голдфингер“ од 1964 година се продаде за рекордни 6.385.000 долари викендов во Монтереј.

 

Првичните проценки беа дека автомобилот ќе добие меѓу 4 и 6 милиони долари. Крајната цена го качи далеку над еден од другите оригинални ДБ5, кој беше продаден на аукција во 2010 година за 4,2 милиони долари, со што стана најскапиот автомобил на Бонд некогаш продаден.

Најимпресивното нешто за овој ДБ5 е дека е идентичен како кога бил произведен. Ова значи дека доаѓа со панцирна плоча на извлекување зад задниот прозорец, седиште-катапулт, радар вграден во инструмент-таблата, скриени митралези зад предните трепкачи, и систем за испуштање димна завеса. Сите овие додатоци се целосно функционални, иако (се подразбира) митралезите не пукаат со вистински куршуми и само пуштаат звук на рафал.

Пред да биде продаден, автомобилот бил детално реставриран во Швајцарија, во еден од само 13-те сервиси одобрени од Астон Мартин за реставрирање на нивните историски модели. Реставрацијата траела четири долги години.

Овој конкретен ДБ5 всушност не се појавува во филмот „Голдфингер“, но бил користен за промоцијата на филмот „Тандербол“ и е идентичен на оригиналниот филмски автомобил. Може слободно да се вози по патиштата, што значи дека новиот сопственик, ако некогаш реши, може да ужива во него. Но, најверојатно ќе се реши да го заклучи во гаража, чекајќи дополнително да му порасне цената.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе