Опел ја воведува ознаката ГСе за електрифицирани спортски модели (ФОТО)

Опел полека оди кон електрификација и, по примерот на дел од конкурентските компании, најави формирање нова електрифицирана спортска марка под својата капа која ќе ја носи ознаката ГСе.

Компанијата во сопственост на Стелантис соопшти дека ГСе е кратенка за Гранд спорт електрик и дека моделите кои ќе ја носат оваа специјална значка ќе имаат надграден изглед и ќе имаат доработени шасии за дополнително задоволство на возачот. Моделите со ознаката ГСе ќе имаат и помоќни електрифицирани мотори.

„ГСе ќе нуди спортски управување и изглед со перформанси и електрифицираните мотори“, соопшти компанијата. „Како врв на понудата на Опел, ознаката ГСе е омаж на ГСи спортските модели од нашето минато како и додаток на ГС верзиите од нашата актуелна понуда“.

Моделите ГСЕ треба да ја пополнат празнината создадена со укинувањето на ОПЦ моделите на Опел. Германската компанија не соопшти кој модел прв ќе го добие новиот ГСе третман, но Ауто експрес сугерира дека тоа може да биде новата астра која ќе добие нови моќни плагин хибридни мотори со над 300 коњски сили.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе