Флорида

Огнена стихија „голтна“ над 3.500 автомобили (ВИДЕО)

Пожар зафатил над шест хектари терен со трева на Флорида каде што биле паркирани над седум илјади возила за изнајмување.

Пожарот избил во петокот на земјиште кое се наоѓа во близина на аеродромот Саутвест Флорида интернешнал еирпорт, а огнот брзо се раширил благодарение на сувата трева и топлото време.

Како што пренесуваат локалните медиуми, во пожарот се уништени над 3.500 возила на разни рентакар компании, додека околу 3.800 биле спасени со тоа што биле препаркирани пред огнената стихија да стигне до нив.

Причината за пожарот засега не е позната, но се верува дека го предизвикал некој од жешките ауспуси на паркираните автомобили во контакт со сувата трева, бидејќи голем број возила по преземањето од клиентите биле довезени на тој паркинг.

За среќа нема повредени, а во гасењето учествувале и хеликоптери. Огнот бил целосно изгасен дури следниот ден, во саботата.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе