Петта генерација

Новото рено клио изгледа спремно да го освои сегментот на градски автомобили (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Рено ги објави првите фотографии од надворешноста и првите технички детали од новата, петта генерација на моментално најпродаваниот субкомпактен автомобил во Европа.

 

Француската компанија го претстави новото клио, што што дополнително ја разжести конкуренцијата во еден од најважните автомобилски сегменти на европскиот пазар.

Клио 5 ќе им се спротивстави на ривалите фолксваген поло и форд фиеста кои претходно имаа „смена на генерации“.

Уште на прв поглед се забележуваат карактеристичните стилски детали за најновата генерација на моделите на Рено, вклучувајќи ги препознатливите ЛЕД светла во обликот на букава „С“.

Предниот дел на возилото изгледа поагресивно во однос на претходникот благодарение на линиите на хаубата и поголемите отвори за воздух на браникот. Одзади автомобилот изгледа поширок од претходно благодарение, пред сѐ, на повисокиот горен раб на браникот и пошироките задни светла, но и помалото растојание до подлогата на автомобилот.

Рено соопшти дека новото клио е за 14 милиметри пократок од сѐ уште актуелната четврта генерација и дека е пониско за 30 милиметри, со што е унапредена аеродинамиката.

И покрај тоа што е нијанса пократок и понизок, благодарение на новата ЦМФ-Б механичка палтформа, просторот во внатрешноста на автомобилот е добро искористена, па патниците сега имаат повеќе простор во кабината.

Освен тоа, за 26 литри е зголемен обемот на багажникот, па сега на располагање се 391 литар.

Рено на купувачите ќе им нуди и нов спортски пакет – РС лајн, кој ќе го замени досегашниот ГТ лајн. Го карактеризираат спортски козметички додатоци на каросеријата, изменета предна маска како и нови 17-инчни спортски бандаши.

Засега нема информација за моторите што ќе ги „носи“ новото клио, но тие ќе бидат објавени во следните неколку недели пред светската премиера закажана за почетокот на март и саемот на автомобили во Женева.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе