Новото фолксваген поло „уловено“ без камуфлажа? (ФОТО)

Новата генерација на полото на Фолксваген (Volkswagen Polo) наводно била начекана во Јужна Африка без трошка камуфлажа, па и ние можеме да ја погледнеме најновата итерација на субкомпактниот модел.

 

Фотографиите што ги објави сајтот Карс ги потврдуваат претходните тврдења дека новото поло ќе порасне со што ќе се добие повеќе простор во кабината во споредба со моделот во заминување, овозможувајќи му жестока битка со конкурентите во класата, како новите форд фиеста, киа рио и ситроен Ц3.

Поставено на новата ем-кју-би-Ао (MQB-A0) платформа, новото поло ќе ги користи подновените мотори на Фолксваген групацијата, меѓу кои новиот 1,5-литарски ТСИ бензински мотор (130 и 150 коњски сили), кој треба да го замени стариот 1,4-литарски ТСИ. Основната верзија ќе го има 1,0-литарскиот бензински мотор со три цилиндри со 65, 75 и 114 коњски сили, додека дизелите ќе почнуваат со подновениот 1,6-литарски ТДИ.

Врвот на понудата би требало да биде поло ГТИ кое ќе има 200 коњски сили од 2,0-литарскиот ТСИ. Што се однесува до менувачите, купувачите ќе може да бираат меѓу 5 и 6-брзински рачни менувачи, или 7-брзински автоматски ДСГ.

Новата генерација на фолксваген поло треба да дебитира на годинешниот автомобилски саем во Франкфурт во септември.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе