Официјално претставување

Новиот сеат леон: голф „осумка“ со карактер (ФОТО+ВИДЕО)

Фолксваген можеби играше безбедно со диазјнот на осмата генерација на голфот, но тука е Сеат да ги зачини нештата со сосема новиот леон.

 

Со поубав изглед од претходната генерација, новиот леон се појави со храбро „лице“ со карактеристични ЛЕД светла, спортски отвори за воздух и хоризонтални магленки.

Динамичниот стил на дизајнот продолжува и наназад со течните линии по целата каросерија, со истакнати отвори за тркала и силни карактерни линии.

Новиот хечбек од средната класа на Сеат е долг 4.368 милиметри, широк 1.800 милиметри и висок 1.456 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2.686 милиметри

Ќе бидат достапни повеќе нивоа на опрема, а највпечатливо е нивото ФР, со уникатни браници, поголеми 17-инчни тркала и спортски пониска амортизација.

Кабината го следи примерот на голфот, но има свој оригинален дизајн. Возачот седи зад новата дигитална инструмент-табла а од десно има 8- или 10-инчен екран на забавноинформативниот систем.

Благодарение на поголемите димензии, новиот леон нуди повеќе простор од претходникот. Карван верзијата спортстурер сега има капацитет од 617 литри, што е 30 литри повеќе од претходно, но хечбекот го задржува истиот обем од 380 литри.

Што се однесува до моторите, понудата почнува со 1,0-литарскиот ТСИ во верзии со 90 и 110 коњски сили. следува 1,5 ТСИ со 130 и 150 коњски сили, а врв на понудата е 2,0-литарскиот ТСИ со 190 коњски сили.

Ќе има само еден дизел мотор – 2,0 ТДИ во верзии со 115 и 150 коњски сили.

Големата новост е воведувањето плаг-ин хибрид верзија во понудата, со 1,4-литарски ТСИ бензинец под хаубата и електромотор со литиум-ионски батерии од 13 киловат часа. Оваа комбинација му дава на автомобилот комбинирана моќ од 204 коњски сили и радиус само на струја од максимални 60 километри.

Новиот сеат леон ќе почне да се продава од април годинава.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе