Ако го погледнете предниот дел, може да се прашате дали всушност гледате во стариот модел. Меѓутоа, иако „лицето“ е слично на моделот во заминување, подновено е со нови фарови, истакната маска и нови отвори за воздух. Поголемата промена е на задниот дел на кросоверот каде што се наоѓаат ЛЕД светлата вградени во петтата врата.
Под „кожата“ на новиот ренџ ровер е МЛА-флекс платформата на Ленд ровер, која ѝ овозможува на британската марка луксузниот теренец да го опреми со мотори со внатрешно согорување, мајлд и плагин хибрид, како и целосно електрична верзија.
Новиот ренџ ровер за првпат ќе може да се нарача и со трет ред седишта.
Најголемиот дел промени и надградби се наоѓаат во кабината. Меѓу поважните подновувања се поголемиот екран на информативно-забавниот систем и целосно дигиталната инструмент табла.
„Новиот ренџ ровер елегантно го дефинира модерниот луксуз, нудејќи повеќе префинетост, поголем избор за клиентите, како и поширока палета за персонализација, од кога било досега“, порачува увозникот Аутомобиле груп.
Повеќе информации тука, или во салонот на увозникот.