Новиот просид на Киа е комбинација од практичноста на карван со врвен спортски дизајн (ФОТО+ВИДЕО)

Киа го покажа новиот просид, кој се трансформираше од хечбек со три врати во спортски карван со пет врати, како што беше најавено со минатогодишниот концепт.

 

Новиот просид е третиот и најдинамичен член на проширеното семејство на моделот сид, во кој се и хечбекот и спортвагонот.

Со должина од 4.605 милиметри и висина од 1.4022 милиметри, новиот просид е 5 милиметри подолг и 43 милиметри понизок од сид спортвагон, а одалеченоста од подлогата е намалена за 5 милиметри. Обемот на багажникот е незначително помал.

Новиот модел на Киа е чедо на европскиот центар за дизајн во Франкфурт, предводен од Грегори Гујом и Петер Шрејер.

Со нивото на опрема ГТ-лајн просид ќе има три мотори – 1,0-литарски бензинец со 120 коњски сили, 1,4-литарски бензинец со 140 коњски сили, и сосема нов 1,6-литарски дизел со 136 „коњи“. Сите три мотори ќе може да се добијат со шестбрзински рачен или седумбрзински автоматски менувач со двојна спојка.

Врвот на понудата ќе биде нивото ГТ, кој ќе го има истиот 1,6-литарски бензинец но со 204 коњски сили и со автоматски менувач.

Новиот киа просид доаѓа со истата независна суспензија како обичниот сид, но со поспецифична геометрија за подобрена агилност и побрзи реакции. Има потврди предни и задни федери, со што просид поумешно се справува со свиоците и нуди зголемена самодоверба и „гран туризмо“ карактер што се очекува од вакво возило, велат од Киа.

Производството на киа просид почнува во ноември во фабриката во Словачка, а продажбата во Европа ќе почне во првото тромесечие од 2019.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе