Еден од најубавите нови карвани

Новиот пежо 308 карван – секси и практична алтернатива на компактните кросовери (ФОТО+ВИДЕО)

Пежо, една од компаниите кои сè уште веруваат во карваните од Ц-сегментот, ја претстави новата генерација на 308 СВ како попрактична верзија на 308 хечбек, и поелегантна алтернатива на кросоверот од истата класа – 3008. Ова е вториот карван во понудата на француската компанија, по поголемиот 508 СВ.

 

Несомнено е дека зад ознаката 308 СВ е еден од најубавите карвани на денешнината чија практично пред сè ја покажува големината на багажникот, кој со кренати потпирачи на задните седишта може да собере 608 литри.

Без патници на задните седишта големината на просторот расте до 1.634 литри, а во автомобилот може да се стават предмети подолги од 1,85 метри. Овие бројки не е рекордни за класата на која припаѓа 308 СВ, но сигурно ќе бидат доволни за повеќето.

Новиот модел е 6 сантиметри подолг од претходната генерација, од што најмногу ќаруваат патниците на задните седишта.

Под хаубата на 308 СВ се познатите мотори на ПСА групацијата. Основата на конвенционалната понуда е 1,2-литарскиот трицилиндерски турбобензинец кој се нуди со 110 и 130 коњски сили, со тоа што посилната верзија има само 8-брзински автоматски менувач, а тука е и 1,5-литарскиот четирицилиндерски дизел со 130 коњски сили.

Во контекст на општата електрификација се и две плагин верзии чии електромотори во комбинација со бензинскиот мотор даваат 150 и 180 коњски сили.

Според ВТЛП стандардот, капацитетот на батериите е доволен за 59 километри без трошење бензин.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе