Официјална презентација

Новиот пежо 208 пристигна во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Втората генерација на 208-ката сега е достапна и на нашиот пазар.

 

Иако првата генерација на моделот 208 ни е познат уште од 2012 година, приказната за овој модел почнува од дамнешната 1983 година и е поврзана со моделот 205. Токму овој модел, поради своитe покрај останатото одлични резултати во продажбата, е причината ПСА да продолжи со понатамошниот развој на овој концепт на возила. Следеше моделот 206 во 1998 год, моделот 207 во 2006, па споментата прва генерација 208, шест години подоцна, истакнуваат од Пежо.

Денес, осум години подоцна, пред нас е втората генерација на моделот 208, каде Пежо промени многу. Нова платформа, но исто така и нов дизајн.

Подолг, поширок и понизок во однос на претходникот, новиот модел има и карактеристичен визуелен идентитет, кој „влече“ на поголемата 508-ка.

Новиот пежо 208 вози на механичката платформа ЦМП на ПСА групацијата, наменета за моделите од Б и Ц сегментите и претставува унапредена верзија на претходната ЕМП2 платформа.

Економичноста е клучниот збор во развојот на новата 208-ка, а новата платформа придонесува на намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид со намалувањето на тежината, подобрената аеродинамика и оптимизацијата на погонот, велат од француската компанија.

Платформата дава и зголемен комфор (со подобрена звучна изолација и пониско ниво на вибрации) како и повисоко ниво на безбедност со воведувањето активни и пасивни системи за безбедност и во пониските нивоа на опрема како стандард.

Кога станува збор за моторите, во понудата се бензинските пјуртек мотори со 1,2 литри и 75, 100 и 130 коњски сили, а посилните два мотори се нудат и со автоматски осумбрзински менувач.

Дизелот го брани 1,5 ХДИ моторот со 100 коњски сили.

„Новиот пежо 208 нуди цела гама на мотори од последната генерација која што ги исполнува побарувањата на еуро 6 нормите. Воедно, новиот 208 е богато опремено возило, со најнови технолошки иновативни решенија кои досега можеа да се сретнат во моделите од повисоките сегменти, со одлични возни својства и беспрекорно држење на патот.

Се поставува прашањето, кому е наменет овој модел?

Одговорот е мошне едноставен, наменет е за сите! Без разлика на полот мажи/жени и без разлика на возраста, новиот пежо 208 е наменет за сите“ – изјави Томислав Нафидов, директор на продажба.

Цената на моделот се движи од 12.990 евра за бнзинецот со 75 КС, па сѐ до 22.660 евра за ГТ-лајн изведба со бензински мотор со 130 КС и осумбрзински автоматски менувач.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе