Светска премиера

Новиот нисан џук порасна без да го изгуби чудниот изглед (ФОТО+ВИДЕО)

Нисан ја претстави втората генерација на својот визуелно контроверзен кросовер.

 

Кога се појави во 2010 година, џук беше едно од најгрдите возила (во ред, како за кого), поради несекојдневниот и визуелно недефиниран дизајн, но во секој случај привлекуваше внимание. Џукот „повлече нога“, се појавија и други модели со ваков дизајн, па сега си има и своја класа.

Малиот „урбан кросовер“ на Нисан стана поимот за во Европа исклучително популарниот „СУВ-Б“ сегмент.

Речиси деценија подоцна веќе сме навикнати на ваквиот дизајн, а оригиналниот џук имаше натпросечно долг животен век во споредба со „лафстајл“ моделите.

Втората генерација е претставена пред почетокот на автомобилскиот саем во Франкфурт, каде модел за прв пат ќе биде изложен пред јавноста. Новиот џук го задржува чудниот изглед и со профилот личи на претходникот.

Сепак, дизајнот на надворешноста е смирен во однос на првата генерација и сега повеќе личи на поголемите и далеку попривлечни модели на Нисан.

Нисан соопшти дека новиот модел е поголем од претходникот – должоната на возилото е 4.210 милиметри, ширината 1.800 мм, а висината 1.595 мм. Од тоа најмногу ќе профитираат патниците на задните седишта кои ќе добијат 58 мм повеќе простор за нозете и дополнителни 11 мм меѓу главата и покривот.

Порасна и багажникот и тоа за 20 отсто, па на купувачите ќе им бидат на располагање 422 литри, со што џукот станува попрактичен и употреблиц и за подолги патувања.

Благодарение на новата ЦМФ-Б механичка платформа на Рено-Нисан (која ја дели со новиот рено каптур), новиот џук е полесен за околу 23 килограми ов однос на претходникот.

Внатрешноста е исто така преуредена, а на инструмент-таблата доминира големиот 8-инчен екран на мултимедијалниот систем. Меѓу бројните функции тука се Епл карплеј, и Андроид ауто, кои обезбедуваат едноставна интеграција на паметните телефони на иОC и Андроид платформите.

Модернизацијата на новиот модел опфаќа и цел куп системи за асистенција кои станаа стандард во модерните автомобили, а се истакнува системот за полуавтономно возење на Нисан пропајлот.

На почетокот џук ќе може да се добие само со еден мотор, а станува збор за 3-цилиндерскиот 1,0-литарски турбобензинец со 117 коњски сили во комбинација со шестбрзински рачен или 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Погонот на предните тркала е стандарден, а опција е погонот на сите 4 тркала.

Новиот нисан џук ќе се произведува во Сандерленд во Британија, а во европските салони ќе пристигне на крајот на ноември. Цената засега не е соопштена.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе