Првиот автомобил кој се симна од фабричките ленти е москвич 3. Неговото производство официјално го почнаа градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин и рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.
Продажбата на новиот москвич почнува во јануари 2023 година, а од март овој автомобил ќе им биде достапен на купувачите во Русија.
Повеќе детали за овој автомобил, кој всушност е модел на кинескиот произведувач ЈАЦ, со значка на Москвич, ќе бидат познати наскоро.
Мантуров истакна дека производството на електрични автомобили, кое ќе почне во 2025 година, ќе стане приоритет на фабриката.
Се очекува компанијата да обезбеди работа за околу 40 илјади луѓе.