Новиот ленд ровер дифендер против стариот во влечење јаже (ВИДЕО)

Битките во влечење јаже со автомобили се прилично чудна интернет сензација која не баш покажува кое возило е подобро, но овозможува прилично уникатна забава.

Има цел куп фактори кои можат да помогнат да победите во влечење јаже, но тежината и триењето со подлогата се клучни ако сакате да имате некаква шанса. Ако не може да остварите добар контакт на тркала со тлото и да ја пренесете силата на подлогата, нема да победите. Тимот на Каруау одлучи дека е време новиот ленд ровер дифендер да го проба стариот теренец и да види дали новото е подобро од старото.

Првиот натпреварувач е аналогниот дифендер кој сите го знаеме и сакаме. Овој конкретен примерок има 2,2-литарски турбодизел мотор со 122 коњски сили и вртежен момент од 360 њутнметри. Овој мотор од старата школа е во комбинација со рачен менувач и рачен модус на ниски вртежи кој потекнува од деновите на теренско возење пред компјутерите да ја преземат играта. Конкретниот дифендер има прилично агресивни офроуд гуми кои се голема помош во обидот да оствари триење на лизгав терен како поле со трева.

Споредете го овој стар дифендер со новиот теренец и можете да видите колку далеку напреднале нештата. Сега дифендерот има 8-брзински автоматски менувач со посилен 2,0-литарски турбодизел мотор кој дава 240 коњски сили и 430 њутнметри. Новиот дифендер зависи од компјутерски интервенции во остварувањето триење со подлогата и му овозможува на возачот најдобри перформанси при тешките офроуд секции. Како и кај новите автомобили, новиот дифендер е потежок од стариот благодарение на новите „играчки“ и безбедносни стандарди.

Победникот на битката во влечење јаже е очигледен. Новиот дифендер е помоќен, потежок, и има автоматски менувач. Ова му создава вистински проблем на полесниот, послаб дифендер со рачен менувач. Без разлика на резултатот двете возила се одлични на свој начин.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе