Враќање на легендата

Новиот ленд ровер дифендер е модерен теренец со напредна технологија (ФОТО+ВИДЕО)

Целосно новиот дифендер го менува класичниот модел кој престана да се произведува пред три години.

 

Стариот дифендер замина во легендите во 2016 кога по речиси седум децении заврши сериското производство на возилото кое од своето создавање па до крајот го имаше препознатливиот коцкест изглед, со повремени рестилизации на каросеријата.

Ленд ровер пред неколку години сепак реши да го згасне класичниот дифендер и да им понуди на купувачите значително модернизирана верзија, која ќе ги задржи извонредните теренски возни карактеристики кои го дефинираа претходникот.

Сосема новиот модел пак има „коцкеста“ силуета, со одделни дизајнерски елементи инспирирани од дизајнот на оригиналот.

Сепак, Ленд ровер ги ублажи острите линии на оригиналот, што е особено забележливо кога возилото се гледа однапред.

На почетокот на купувачите ќе им бидат понудени два дизелаши, потоа еден 4-цилиндерски бензинец, па потоа и бензинец со 6 цилиндри и „мајлд хибрид“ погон. Ленд ровер планира до 2020 на пазарот да исфрли и плаг-ин хибриден дифендер.

Основниот дизелаш е 2,0 СД4 со 200 коњски сили, а на оние кои сакаат повеќе сила на располагање им е мотор со иста зафатнина но со 240 коњски сили.

Основната бензинска верзија е 2,0 Си4 со 300 коњски сили, а врвот на понудата е 6-цилиндерскиот 3,0 И6 со благо хибриден погон, со вкупна сила од 400 коњски сили.

Ленд ровер ги претстави двете каросериски варијанти – „90“ со 3 врати, и поголемата „110“ со 5 врати и 7 седишта. Силата се пренесува на сите четири тркала со постојан 4х4 погон, а како опција може да се нарача и воздушна суспензија.

Нападниот агол кој новиот дифендер може да го совлада изнесува 38 степени, додека надолниот е 40 степени. Ленд ровер соопшти дека новиот модел може да мине низ водена пречка со длабочина од 90 сантиметри.

Внатрешноста е и понатаму прилично конзервативна, со едноставни, правоаголни форми и прави линии, но изобилува со луксуз и современи технологии.

Новиот ленд ровер дифендер своето деби го има пред публиката на автомобилскиот саем во Франкфурт, кој почнува денес за претставниците за медиумите. Посетителите ќе можат да го видат на штандот на Ленд ровер од 12 септември.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе