„Создаден да изненади“

Новиот компас на Џип пристигна во Македонија (ФОТО)

Пристигна новиот џип компас, комплетно нов модел, со силна естетска личност – демонстрирана со уште пософистициран и карактеристичен стил, секогаш верен на стилот на марката – со одлична динамика на возење на патот и најпрефинета технологија на полето на безбедност и поврзувањето. Сето тоа засилено со реномираните 4×4 капацитети на Џип, карактеристика што го одржува 80-годишното лидерство во возење надвор од патот.

Новиот компас е опремен со низа ефикасни термички и плагин хибридни мотори, сите одобрени по Еуро 6Д и со комплетен спектар на врвни системи за активна и пасивна безбедност што го доведуваат до извонредност динамичкото однесување на возилото, како и единствените 4×4 капацитети на марката Џип.

Новиот модел се карактеризира со подновен високотехнолошки профил, истовремено задржувајќи го својот единствен урбан дух, модерен, софистициран, насочен кон заштита на животната средина.

Се одликува со нова надворешност во знак на елеганцијата и современоста и комплетно нов патнички простор, збогатен со нови високо технолошки содржини дизајнирани, да ги подобрат удобноста и престојот во автомобилот и да го направат поинтуитивно искуството при возење низ град. Тоа вклучува 10,25-инчна дигитална инструмент-табла, систем Јуконект 5 со екран на допир до 10,1 инчи, сега поставен во центарот на контролната табла на повисока позиција за да му овозможи на возачот секогаш да го држи погледот на патот. И со пет пати побрз процесор, Андроид оперативен систем со безжично приклучување на паметните телефони Епл карплеј и Андроид ауто и препознавање на гласови и услуги за Јуконект.

Покрај тоа, внатрешноста е уште пофункционална со новата организација на просторот на централната конзола и зголемените решенија за складирање на предмети за околу три пати, еднакво на 4,4 литри повеќе (т.е. од 2,8 литри од претходната верзија, до 7,2 литри од новиот модел), како и со посовремениот, карактеристичен стил благодарение на новата контролна табла, која е сега поелегантна и се одликува со квалитетни материјали и докажани технички детали: од новиот централен тунел, до новиот управувач, од новиот тапацир на панелите на вратите до новите финални обработки и материјали за внатрешноста.

Новиот компас е првиот Џип во Европа што достигна ниво 2 (Л2) на автономно возење и е опремен со најновата генерација АДАС што вклучува: препознавање сообраќајните знаци, кој ги чита и толкува сообраќајните знаци на патот; интелигентна асистенција за брзината, кој автоматски го одржува возилото во наведените ограничувања на брзината; предупредување за замор на возачот, кој го предупредува возачот дека е време за пауза, откако детектирал намалено ниво на внимание; и автоматско кочење во итни случаи со препознавање пешаци и велосипедисти, што го забавува возилото до запирање за да се избегнат (или ублажат) можните незгоди. Но, најважната нова опција е помош на автопат, која комбинира адаптивен темпомат и одржување во коловозна лента, односно автоматско прилагодување на брзината и траекторијата. На овој начин, автомобилот се одржува во центарот на лентата и на претпазливо растојание од возилото пред него, сè за спокојно возење.

Новиот џип компас Compass, исто така, доаѓа со нова гама, која сега се раѓа со вкрстување на четири конфигурации (лонгитјуд, лимитед, 80-годишнина и С). Понудата за бензин вклучува 1,3-литарски мотор ГСЕ, со моќност од 130 и 150 коњски сили во комбинација со шестстепен мануелен менувач и менувач со двојна спојка ДДЦТ, и двата со погон на предните тркала. За да се докомплетира понудата на мотори тука е и 1,6-литарскиот дизел со 120 коњски сили во комбинација со шестстепен рачен менувач и погон на предните тркала. Гамата на плагин хибридот има две нивоа на моќност – 190 и 240 коњски сили, со шестбрзински автоматски менувач и погон на сите тркала.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе