Новиот карок на Шкода ја освои наградата Златен волан за најдобар мал кросовер

Магазинот за автомобили Ауто билд и весникот Билд ам зонтаг го наградија новиот шкода карок (Skoda Karoq) со наградата Златен волан за 2017 година. Читатели од повеќе од 20 европски земји го дадоа својот глас во финалето за карок во категоријата за мал кросовер (СУВ). На крај, панелот од експерти го прогласи новото возило на Шкода за победник по бројните исцрпувачки тестирања.

„Со новиот карок, кој постави нови стандарди во многу области , ние континуирано се движиме напред со нашата успешна кросовер кампања“, изјави Кристијан Штурбе, член на одборот за технички развој на Шкода. „Јас сум исклучително задоволен од нашето ново возило кое се покажува одлично. Наградата Златен волан покажува дека со новиот карок , ние нудиме атрактивен целосен пакет во компактната кросовер категорија“, додаде Штурбе.

Наградата Златен волан е една од најпрестижните автомобилски награди. Оваа година за наградата се натпреваруваа 42 модели во различни категории: мали и компактни возила, мал кросовер, голем кросовер, средна и бизнис класа, како и во спортската класа на автомобили.

Шкода карок се натпреваруваше за наградата во класата за мал кросовер, во чиј избор учествуваа 12 возила, најмногу од сите категории. Најпрво, читателите на Ауто Билд, Билд ам зонтаг и нивните изданија во повеќе од 20 европски земји, гласаа за својот фаворит во секоја категорија. За време на исцрпните тестирања во северна Италија, финалистите беа оценувани од 53 експерти, вклучувајќи тркачки возачи, инженери, познати личности, дизајнери, како и уредници на водечките европски автомобилски магазини.

Во препознатлив стил на Шкода, новиот карок ги импресионираше експертите со своите квалитети, како комфорот и големиот простор во ентериерот. Во продолжение, панелот експерти ја награди конективноста на карок, со најновиот информациско-забавен систем со екран чувствителен на допир. Потполно новиот карок претставува прво возило на Шкода кое нуди целосно прилагодлива дигитална инструмент табла. Благодарение на ЛТЕ модулот и вифи хотспот, патниците во шкода карок ќе бидат постојано поврзани со интернет. Исто така, компактниот кросовер ги импресионираше експертите со моќноста и економичноста на моторите, како и врвната шасија.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе