Новиот каптур на Рено повторно „пука“ на европска доминација (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Како наследник на моделот кој владееше со својот сегмент во Европа, втората генерација на рено каптур нема опција освен да биде барем подеднакво успешна.

 

Тоа, меѓутоа, нема да биде лесно, бидејќи и конкуренцијата зајакна, со сериозни ривали како новиот нисан џук, пежо 2008, форд пума и мазда це-икс30, покрај целата низа постари модели. За да остане на врвот, каптурот мораше да ја крене играта на ново ниво, и го прави тоа во многу нешта.

Поставен на цмф-б модуларната платформа која ја дели со клиото и џукот, кросоверот е сега 110 милиметри подолг од претходникот, а патниците на задните седишта добиваат 17 милиметри повеќе простор за нозете. И багажникот се зголеми за значителни 81 литар за солидни 536 литри.

Внатрешниот комфор е исто така подобрен во споредба со старата генерација благодарение на подобрата изолација на кабината и моторот, а најдобриот резултат е намалувањето на бучавата во кабината за 2 децибели меѓу брзини од 0 до 130 километри.

Рено тврди дека новиот каптур има и подобрување на квалитетот на возењето благодарение на новите амортизери и подобрената аеродинамика. Кросоверот сега има помалку странични движења од претходно и нуди 10 отсто намалување на кругот на вртење за подобрена агилност.

Купувачите ќе можат да бираат меѓу три бензински и два дизел мотори.

Бензинците се Тце 100, 1,0-литарски трицилиндерски турбо мотор со 100 коњски сили, Тце 130 со 1,3-литри, четири цилиндри и 130 коњски сили, и врвот на понудата Тце 155 со 155 коњски сили. Дизелашите кои се нудат се блу дЦи 95 со 95 коњски сили и блу дЦи 115 со 115 коњски сили.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе