Осмата генерација

Новиот голф снимен во Јужна Африка? (ВИДЕО)

Фолксваген тукушто почна да објавува тизер фотографии од осмата генерација на нивниот најважен модел, и покрај тоа што „осумката“ е во напредна фаза на тестирање.

И покрај тоа, новиот модел наводно бил „фатен“ и снимен некаде во Јужна Африка, и тоа без каква било камуфлажа. Прашањето е дали навистина го гледаме новиот голф најавен за следната година? Или пак шегаџии сакаат да го прелажат интернетот со доработена снимка?

На видеото наводниот голф осум има нов дизајн на предниот и задниот дел. Меѓутоа, тој вози преблиску до асфалтот, и има преголеми тркала за обичен тестен модел. Нормално, може да станува збор за ГТИ или Р изведба во рана фаза од развојот, но може да биде и тјуниран автомобил на приватен ентузијаст. Или пак поприлично едитирано видео за да се прелажат гледачите. Што значи, додека да добиеме официјална потврда, снимките треба да се земат со доза резерва.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе