Ова е тоа

Новиот голф откриен пред официјалното претставување (ФОТО)

Сосема новата, осма генерација на фолксваген голф треба да биде официјално претставена на 24 октомври, но фотографии од финалниот производ веќе почнаа да кружат по социјалните мрежи.

Иако голф осум ни приближно не е најдобро чуваната тајна во индустријата, и веќе беше забележан повеќе пати со многу малку камуфлажа, овие фотографии овозможуваат најдобар поглед на диазјнот на новиот хечбек.

Објавени на Фејсбук од фан клуб на Фолксваген од Словачка, фотографиите ја прикажуваат сериската верзија на новиот голф. На новите фотографии може убаво да се видат фаровите, кои Фолксваген досега успешно ги камуфлираше.

Не се знае кое ниво на опрема е ова, но изгледа прилично основно, бидејќи рамките на прозорците се црни и тркалата изгледаат прилично мали. Од страна новиот голф не изгледа многу поразлично од седмата генерација, со исклучок на страничните ретровизори кои сега се позиционирани пониско на вратите.

Сепак, ентериерот изгледа прилично современо и со висока технологија. Ако ова е навистина една од основните верзии, инженерите на Фолксваген навистина се потрудиле да не изгледа евтино.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе