Осма генерација

Новиот голф „фатен жив“ на улица (ФОТО)

Новиот фолксваген голф повторно е „уловен“ во Јужна Африка, и на интернет веднаш се појавија фотографии од хечбекот без (видлива) камуфлажа.

Веќе некое време на социјалните мрежи се појавуваат фотографии од новиот голф, но сега најважниот модел на Волфсбург може да се види буквално немаскиран, освен со понекоја налепница.

Ова е, значи, осмата генерација. И као и претходните две генерации, веднаш се гледа дека станува збор за иконата на Фолксваген. Нешто како порше 911, само многу поевтин.

Не треба да се каже дека голф осум е еден од најочекуваните нови модели оваа година – и со добра причина: тој е едно од најдолговечните автомобилски имиња во историјата. Првпат претставен во 1974 година, фолксваген голф во годините што следуваа стана бестселер и до толку го дефинираше својот сегмент што луѓето почнаа да го викаат „голф класа“.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе