Новиот европски кросовер на Шкода ќе се вика камик (ФОТО)

Третиот кросовер во понудата на чешката марка ќе му припаѓа на супкомпактниот сегмент кој во Европа е многу популарен и каде сѐ повеќе се разжестува конкуренцијата.

Зборот „камик“ (Kamiq) доаѓа од јазикот на Инуитите, народот кој ги населува северна Канада и Гренланд, а ако ви звучи познато тоа е затоа што Шкода истото име веќе го користи за својот кросовер кој се произведува во Кина и се продава исклучиво таму. Европскиот камик ќе се разликува од кинескиот.

Шкода соопшти дека камик опишува нешто што совршено одговара, „како втора кожа“, и одговара на секоја ситуација. Доволна причина на малиот кросовер наменет за европскиот пазар да ми се даде истото име како на моделот во Кина.

Истовремено, се вклопува во номенклатурата која ги поврзува сите кросовери на Шкода – нивните имиња почнуваат со „к“ и завршуваат со „ку“.

Во Шкода истакнуваат дека новиот супкомпактен кросовер комбинира агилност и управување како кај компактните автомобили, со традиционалните вредности на кросовер моделите – повисока позиција на седење, подобра прегледност, полесно влегување и излегување од автомобилот и поголемо растојание од тлото.

Во овој сегмент на европскиот пазар веќе има жестока конкуренција, бидејќи за наклонетоста на купувачите веќе се натпреваруваат над десет модели на светските произведувачи – рено каптур, пежо 2008, нисан џук, киа стоник, хјундаи кона, сеат арона, опел мока, фолксваген т-крос, џип ренегејд, фиат 500Х, хонда ХР-В, сузуки витара...

Светската премиера на шкода камик е закажана за саемот на автомобили во Женева, кој ќе се одржи во март.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе