Новиот БМВ алпина Д5 С е најбрзиот дизел автомобил на планетата (ФОТО+ВИДЕО)

Алпина го покажа својот нов модел Д5 С (BMW Alpina D5 S) на автомобилскиот саем во Франкфурт, што е негово деби пред светската јавност.

 

Најавен како најбрз сериски дизел модел на пазарот, новиот алпина Д5 С има 3,0-литарски шестцилиндерски мотор со три турбополначи и комон реил директно вбризгување под висок притисок, со што се добиваат 382 коњски сили и 800 њутнметри вртежен момент.

Овој колосален вртежен момент до четирите тркала се пренесува преку надграден осумбрзински автоматски менувач, овозможувајќи му на Д5 С да забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,4 секунди. Од 0 до 200 км/ч се стигнува за 17 секунди, додека максималната брзина е импресивни 286 км/ч.

Во споредба со последниот БМВ М550д со четири турбополначи, на новиот Д5 С на Алпина изгледа како да му фали една турбина и 7 коњски сили, но не треба да се заборави дека максималната брзина на БМВ М550д е лимитирана на „само“ 250 км/ч, иако од 0 до 100 км/ч стигнува за истите 4,4 секунди.

Шасијата, сопирачките и амортизацијата се буквално непроменеи од бензинскиот Б5 битурбо модел. Суспензијата има нагодливи амортизери кои нудат неколку модуси, од комфор+ до спорт+. Карван верзијата на Д5 С доаѓа сериски со воздушна суспензија на задниот дел.

Како опција може да се добие и спорт плус пакетот кој вклучува управување со задните тркала и активна стабилизација на шасијата која го намалува страничното движење во своиците.

Првите испораки се очекуваат на почетокот на 2018 година, а цените почнуваат од 87.900 евра за седанот и 90.400 евра за туринг верзијата на Д5 С.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе