Новиот ауди А8 е - ризница на напредна технологија (ВИДЕО)

Ако имаше некакви сомнежи дека Ауди нема да избие на прво место во класата на големи луксузни лимузини што се однесува до напредната технологија, првите темелни рецензии на новиот А8 покажуваат дека нема потреба од такво нешто.

Но, пред да почнеме да им аплаудираме на Ауди за сѐ што успеале да направат со овој автомобил, треба да признаеме дека ова е начинот на кој обично нештата се случуваат кога станува збор за Ауди, БМВ или Мерцедес-бенц и нивната битка за надмоќ.

Секогаш последниот модел кој влегол во рингот ја носи најнапредната технологија во себе, што значи дека другите компании не заостануваат, туку дека генералната насока на сите три компании е иста.

Според луѓето кои веќе го тестирале автомобилот, новиот А8 има сѐ што е потребно за да им се спротивстави на серија 7 и С-класата. Има мали забелешки за дизајнот, односно дека не изгледа маркантно од секој агол како неговите директни ривали, но А8 не е автомобил за гледање или возење – тоа е лимузина во која се ужива на задните седишта.

А кога ќе влезете во автомобилот, веднаш сте бомбардирани со луксуз од сите страни. Материјалите, ергономијата, играчките и комфорот – сѐ ова е дизајнирано за да му помогне на А8 да се искачи скалило над своите конкуренти.

Но најинтересниот новитет што го смислиле во Ауди е технологијата за заштита при страничен удар. Ауди А8 „гледа“ што ќе се случи и се поткрева од едната страна, па ударот е во многу поцврстиот праг, а не во вратата. Лудило!

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе