„Повеќе од автомобил“

Новиот А8 на Ауди е комбинација од софистицираност и стил (ФОТО+ВИДЕО)

Конечно, по години минати во тестирање, месеци на разоткривање и денови на чиста нестрпливост, сосема новиот ауди А8 (Audi A8) беше прикажан на самитот на Ауди во шпанска Барселона.

 

Новиот А8 ќе користи 48-волтен електричен систем и поради тоа користи голем број напредни технологии, вклучувајќи целосно активен, електромеханички систем за амортизација и треба да биде првиот автомобил на пазарот кој користи трето ниво на автономно возење.

Што се однесува до дизајнот, А8 е поприлично инспириран од концептот пролог (Prologue Concept) од 2014 година и го пренесува новиот дизајнерски јазик на Ауди во реалноста. Дело на Марк Лихте, новиот А8 е прилично поелегантен од моделот што го заменува и сепак успева да ги „протне“ софистицираноста и стилот што се очекуваат од него.

Сѐ на сѐ, дизајнот на новиот А8 не е толку многу револуционерен како на концептот пролог, но секако е доволно модерен за да им се спротивстави на актуелните С-класа на Мерцедес бенц и серија 7 на БМВ.

Во Германија, новиот А8 на почетокот ќе се нуди со два V6 турбо мотори, 3,0-литарски ТДИ и 3,0-литарски ТФСИ. Дизелскиот мотор ќе дава 286 коњски сили додека бензинскиот агрегат ќе произведува до 340 коњски сили. Потоа ќе бидат претставени 4,0-литарски ТДИ V8 со 435 и 4,0-литарски бензински V8 со 460 коњски сили. Понудата ќе биде заокружена со 6,0-литарски W12 за кој сѐ уште не е објавено колку ќе биде моќен.

Подоцна ќе биде претставен и А8 е-трон кватро. Тој ќе има комбинација од 3,0-литарскиот ТФСИ мотор со електромотор и 449 коњски сили. благодарение на литиум-ионската батерија, ќе има радиус од околу 50 километри само на струја.

Цените во Германија за новиот А8 почнуваат од 90.600 евра, додека верзијата со продолжено меѓуоскино растојание А8 Л почнува од 94.100 евра.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе