Новиот 911 спидстер на Порше – чекањето се исплатеше (ФОТО+ВИДЕО)

По девет години чекање Порше конечно ги израдува своите муштерии со нов спидстер.

 

Меѓутоа, новиот спидстер не е базиран на најновата генерација на 911, туку неговата основа е моделот 911 ГТ3.

Порше реши да произведе само 1.948 примероци на 911 спидстер, во чест на првиот произведен модел на компанијата 356, кој дебитираше во 1948 година.

Неговата шасија е дериват на спортската верзија на 911, а поседува специјално нагодено управување со задните тркала со динамичен погон.

Под хаубата е 4,0-литарски шестцилиндерски боксер мотор со 508 коњски сили, чија сила се пренесува преку традиционален шестбрзински рачен менувач.

Спидстерот има и помала тежина, браникот и хаубата се од карбон, како и задниот дел на возилото.

Предното и задното стакло се од полиуретан, а зад 20-инчните тркала има керамички сопирачки.

Масата е поприлично намалена и благодарение на изменетиот рачен менувач, кој е четири килограми полесен од седумбрзинскиот, а речиси 20 кг од автоматскиот со двојна спојка.

Порше дури го исфрлиле и клима уредот, но купувачите можат да ј нарачаат ако сметаат дека им е неопходна.

Крајниот резултат е сериозно брз и неспорно привлечен модел на Порше тежок 1.465 килограми на кој за спринт од 0-100 км/ч му се потребни 3,8 секунди, а максималната брзина е 309 км/ч.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе